ОТС

Авицена Лабораторија со донација на 60 канти за отпадоци и 30 клупи за седење во градот Тетово

Број на објава:616/06/19                                                           
Датум: 07.06.2019
Клучни зборови: Авицена Лабораторија

 

Светскиот ден за заштита на животната средина, 5 јуни, има за цел да ја подигне свеста за заштита на средината во која живееме и да поттикне носење различни мерки за заштита.

Во насока на одбележување на овој ден, во соработка со Јавното Комунално Претпријатие на градот Тетово, Авицена Лабораторија донираше 60 канти за отпадоци и 30 клупи за седење, кои се поставија низ градот Тетово.

Правото на чиста и здрава животна средина е основно граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните.

Бидејќи наша основна цел е заштита и унапредување на човековото здравје, се надеваме дека со оваа акција за уредување на дел од просторот во градот Тетово, ќе дадеме придонес во заштита на природната околина, а истовремено ќе ги мотивираме и поттикнеме граѓаните и останатите субјекти да преземаат чекори за чување и унапредување на природата и просторот во кој живеат и работат.

И во иднина ќе продолжиме да бидеме активни со различни локални иницијативи и акции, во насока на подобрување на заштитата на животната средина, која директно влијае на здравјето и благостојбата кај сите граѓани.

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Back to top button
Close