СветСвет.Портал

Администрацијата на Трамп го информираше Конгресот за антитерористичките операции на САД зад граница

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги информираше лидерите на Сенатот и на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за антитерористичните операции против ИД, Ал Каеда и талибанците, што се вршат од американските сили зад граница.

Вашингтон, 12 јуни 2019 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп ги информираше лидерите на Сенатот и на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за антитерористичните операции против ИД, Ал Каеда и талибанците, што се вршат од американските сили зад граница.

Во известувањето се вели дека единици на американската армија продолжуваат со операциите против трите организации и поврзани со нив групи во Авганистан, Ирак, Сирија, Јемен, Јордан, Либан, Турција, Сомалија, Кенија, Џибути и Нигер.

Трамп освен тоа го извести раководството на Конгресот дека американски војници влегуваат во составот на мировните сили и мисии на воени набљудувачи на Синајскиот полуостров во Египет и во Косово, и помагаат на Владата на Филипини во борбата против тероризмот, а исто така се во поморската база Гвантанамо на Куба.

Во документот се истакнува дека операциите во Сирија и Ирак, кои САД ги извршиле со помош на многубројни партнери, имале ефект – уништување на способностите на ИД.
За ситуацијата во Авганистан се забележува дека и покрај напорите за решавање на конфликтот таму, САД остануваат во состојба на вооружен конфликт со талибанците.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close