Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

„30 јуни“ во рацете на Изборниот колегиум

– Изборниот колегум денеска треба да пресече дали на 30 јуни ќе има или не избори во Албанија.

Тирана,24 јуни 2019 (МИА) – Изборниот колегум денеска треба да пресече дали на 30 јуни ќе има или не избори во Албанија.

Пред петмината судии е приговорот на претседателот на Партијата за национално единство(ПУК) Идајет Беќири,по одбиеното барање од страна на Централната изборна комисија(ЦИК) партијата да ја избрише од учеството на изборите.

На 13 јуни партијата на Беќири побара од ЦИК да ја избрише неговата партија од изборите на кои има пријавено кандидатски листи за советници во сите 61 општина, со образложение дека изборите се одложени со уредба од шефот на државата и истата веќе е објавена во Службен весник.

Но, барањето,со четири гласа го отфрли ЦИК, со напомена дека гласачките ливчиња веќе се испечатени,по што Беќири достави приговор до Изборниот колегум.

Во очекување на тоа каква ќе биде одлуката на колегиумот експерите од оваа област наведуваат три можни опции.

Доколку изборниот колегум го прифати приговорот на Беќири за бришење на неговата партија од учество на изборите тогаш ЦИК треба да го запре изборниот процес.

Ако колегумот се изјасни за ненадлежен по ова прашање тогаш уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на изборите останува во сила.

И третата опција е таа дека доколку колегиумот ја остави во сила уредбата на Мета,како последица на тоа во Албанија нема да има избори на 30 јуни.

Опозициската Демоктарска партија излезе со став дека иборниот колегиум не е надлежен за тоа, оценувајќ при тоа дека одлуката веќе ја донесол премиерот Еди Рама. вт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close