0_Web_АктуелноВидео изјаваОпштествоПолитика

ЗНМ потпиша меморандум за соработка со народниот правобранител

Здружението на новинарите на Македонија денеска потпиша меморандум за соработка со народниот правобранител, со цел да им се помогне на граѓаните подобро и поквалитетно да бидат информирани, а истовремено и да се штитат нивните права, како и правата на новинарите. 

Скопје, 15 мај 2019 (МИА) – Здружението на новинарите на Македонија денеска потпиша меморандум за соработка со народниот правобранител, со цел да им се помогне на граѓаните подобро и поквалитетно да бидат информирани, а истовремено и да се штитат нивните права, како и правата на новинарите.
Омбудсманот Иџет Мемети наведе дека и покрај тоа што многу се зборува во земјата оти правата на новинарите се заштитени, сепак, во реалноста мора да се каже дека не е баш така. Истакна дека во иднина со ЗНМ ќе можат заеднички да ги промовираат човековите права и слободи.
– Во Северна Македонија сè уште не сме покажале, како институции, дека имаме ефективна борба или истраги кога им се прекршуваат правата на новинарите. Јас не знам дека има некоја квалитетна одлука која добро ја отсликува реалноста колку се заштитени новинарите во земјата за да ја вршат својата работа. Ние секогаш очекуваме однадвор да добиваме пресуди кои потврдуваат дека правата на новинарите во земјава се прекршени, нагласи Мемети.
Повика меморандумот со ЗНМ да биде повод за, како што рече, народниот правобранител да го крене повеќе гласот за да помага во заштитата на правата на новинарите.
– Денешното потпишување на овој меморандум со народниот правобранител на Северна Македонија покажува дека остварувањето на правата на новинарите не е важно само за новинарите, туку е многу важно за целата јавност. Слободни и безбедни новинари кои работат ослободени од стеги и цензури подобро ќе ја информираат јавноста, поквалитетно ќе ја информираат јавоноста, а со тоа ќе влијаат и на остварување на правата на останатите граѓани во општеството, потенцира претседателот на Здружението на новинарите, Младен Чадиковски.см/са/

Back to top button
Close