ОстанатоРезултати

ЖОК Јанта волеј државен јуниорски првак

Одбојкарките на Јанта волеј од Кисела Вода се нов македонски шампион во јуниорска конкуренција, откако беа подобри од своите ривалки на завршниот турнир.

Скопје, 15 мај 2019 (МИА) – Одбојкарките на Јанта Волеј од Кисела Вода се нов македонски шампион во јуниорска конкуренција, откако беа подобри од своите ривалки на завршниот турнир.

Во полуфиналето, Јанта волеј го совлада Работнички Скопје со 2-0, додека Наковски волеј од Струмица го победи Пелистер исто така со 2-0.

Во борбата за првото место Јанта волеј го победи Наковски волеј со 3:1, а во пресметката за третото место Пелистер го совлада Работнички Скопје со 2:0.

– Многу сум задоволен од тоа што го освоивме јуниорското првенство. По реконструкцијата на шампионската екипа од минатата година, оваа година им дадовме шанса на младите во нашиот клуб кои успешно ја искористија во целост. Истите настапуваа во сениорска конкуренција и стигнавме до полуфинале каде испаднавме од многу поискусниот „Работнички – жени“. Наредниот викенд играме финален турнир во кадетска конкуренција каде по мое очекување треба да бидеме фаворити. Сакам да се заблагодарам на сите што помогнаа и нè поддржаа на овој тежок пат до успехот посебно до градоначалникот Филип Темелковски и одделението за спорт при Општина Кисела Вода, изјави Горан Јаневиќ-Јанта, тренер на ЖОК Јанта волеј. зс/

Таг
Back to top button
Close