0_Спорт.ПорталРакомет

Женската екипа на Вардар победник на Ф-4 турнирот во Делчево

Женската екипа на Вардар од Скопје е победник на завршниот ракометен турнир во пионерска конкуренција кој се одржа во Делчево. Во финалниот дуел Вардарки беа подобри од екипата на Стружанка која го освои второто место. Во екипата на Вардар најзадоволен, беше тренерот Анџела Платон на која ова и е прв трофеј со пионерките на Вардар.

Делчево, 11 мај 2019 (МИА) – Женската екипа на Вардар од Скопје е победник на завршниот ракометен турнир во пионерска конкуренција кој се одржа во Делчево. Во финалниот дуел Вардарки беа подобри од екипата на Стружанка која го освои второто место. Во екипата на Вардар најзадоволен, беше тренерот Анџела Платон на која ова и е прв трофеј со пионерките на Вардар.

  • Чувството е прекрасно, премногу сум горда што сум тренер на прекрасен и неверојатен клуб. Им честитам на девојките ме направија среќна, ова е прв пат да освојам златен медал со девојките и сум многу среќна, изјави Платон.

За МВП на турнирот беше прогласена Бојана Гоцева од шампионската екипа на Вардар.

– Напорно трениравме во текот на првенството и навистина ова е награда за сите нас, истакна Гоцева.

Задоволство од освоеното сребрио имаше и кај Стружанки.

  • Можевме и подобро, но игравме против Вардар и се на се ова е огромен успех за нас, задоволни сме од постигнатиот резултат, истакна Теодора Дукоска од екипата на Стружанка.

Бронзениот медал и припадна на екипата домаќин РК „Делчево“ кои што се покажаа како добри организатори на денешниот спектакл.

  • Ние мораме да бидеме задоволни со третото место сепак сме меѓу најдобрите 4 во државата. Како организатори на овој настан покажавме дека сме зрели за уште голем број на вакви настани, истакна тренерот на делчевки Горан Велков.

Натпреварите РК „Делчево“ го организираше со поддршка на општина Делчево. вс/зс/

Таг
Back to top button
Close