0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Жбогар се сретна и со Силјановска Давкова

Шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар денеска, по средбата со новиот претседател Стево Пендаровски, се сретна и со Гордана Сиљановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 13 мај 2019 (МИА) – Шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар денеска, по средбата со новиот претседател Стево Пендаровски, се сретна и со Гордана Сиљановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Сиљановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел, напиша Жбогар за средбата со Сиљановска. сст/сд/

 

Back to top button
Close