СветСвет.Портал

Земјотрес на пацифичкиот брег на Никарагва

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на пацифичкиот брег на централноамериканската држава Никарагва, соопшти Американскиот геолошки институт.

Манагва, 16 мај 2019 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на пацифичкиот брег на централноамериканската држава Никарагва, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил на длабочина од 70 километри под површината на земјата, со епицентар на 26 километри северозападно од никарагванскиот град Хикилиљо.

Покрај во Никарагва, потресот се почувствувал и во соседниот Салвадор, вклучително и во неговиот главен град Сан Салвадор, каде голем број луѓе во паника ги напуштиле своите домови и работни места.

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети. сп/

Таг
Back to top button
Close