Дописници МКДОстанато

Започна Пролетниот параглајдинг куп „Крушево 2019“

Во Крушево денеска официјално започна првиот пролетен параглајдинг куп „Крушево 2019“. Наредните седум дена од полетувлиштето на Мечкин камен 100-ина учесници од Балканот и од Европа полетуваат и ќе се натпреваруваат во рамките на Купот.

Крушево, 26 мај 2019 (МИА) – Во Крушево денеска официјално започна првиот пролетен параглајдинг куп „Крушево 2019“. Наредните седум дена од полетувлиштето на Мечкин камен 100-ина учесници од Балканот и од Европа полетуваат и ќе се натпреваруваат во рамките на Купот.

Пролетниот меѓународен параглајдинг куп „Крушево 2019“ година е дел од проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од владата. Администратор на проектот е Светска банка.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој го отвори Купoт и ги поздрави учесниците пред Инфо-центарот за авантуристички туризам во центарот на Крушево, локалната самоуправа сесрдно го поддржува.

-Сакам да ви посакам добредојде во нашиот град и ви посакувам успешен натпревар. Општина Крушево аплицира на многу проекти со чија помош инфрастурктурно ќе го доуреди полетувалиштето и ќе го направи попрофесионално и побезбедно, рече Христоски.

Ова е првпат што се одржува ваков пролетен меѓународен куп во Крушево. Инаку со ова почнаа домашните, европски и светски натпревари во параглајдерство кои ќе се одржуваат до крајот на септември во Крушево.ем/скс/

Back to top button
Close