0_Магазин.ПорталКујна

Запечени пилешки крилца

Пилешки крилца во со сос од кашкавал - едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време...

Пилешки крилца во со сос од кашкавал – едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време…

Потребно е:
1 кг пилешки крилца
околу 50 г рендан кашкавал
100 г неутрална павлака
1 јајце
мелен сув зачин
сол, бибер
масло

Подготовка:
– Крилцата посипете ги со мелениот сув зачин. Ставете ги да се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Потоа додадете малку вода и динстајте ги додека не омекнат.

– Омекнатите крилца наредете го во огноотпорена тава заедно со сосот во кој се динстаа.

– Во еден сад измешајте ја павлаката со ренданиот кашкавал, јајцето и зачинете по вкус. Овој сос прелијте го преку крилцата во тавата.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close