0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Заев- Марковиќ: Перспектива за развој на економските односи на Северна Македонија и Црна Гора

Традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план меѓу стопанствениците на двете држави, оцениле попладнево премиерите Зоран Заев и Душко Марковиќ на тет-а тет средбата во Подгорица.

Скопје, 23 мај 2019 (МИА) – Традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план меѓу стопанствениците на двете држави, оцениле попладнево премиерите Зоран Заев и Душко Марковиќ на тет-а тет средбата во Подгорица.

Со средбата со Марковиќ, Заев  ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора, откако претходно со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од премиерот Марковиќ.

– Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за Претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија, соопшти прес-службата на Владата на РСМ.

Според програмата, на првиот ден од официјалната посета на делегацијата на Владата на РСМ, премиерот Заев ќе оствари средби и со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Иван Брајовиќ

Утре ќе се одржи заедничка седница меѓу владите на двете држави,  како и бизнис форум во организација на стопанските комори на двете држави, што ќе го отворат двајцата премиери и претседателите на коморите Властимир Голубовиќ и Бранко Азески.

Како што информираа од владината прес-служба, во владината делегација се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев,  како и министер за земјоделство, Љупчо Николовски, за здравство, Венко Филипче, за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.

На седницата се очекува да бидат разгледани повеќе информации од интерес за двете земји за развивање и продлабочување на идната соработка и ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областите на внатрешните работи, заштитата на животната средина и здравството. Министрите во владите на двете држави пред седницата ќе имаат и одделни работни средби со своите колеги во соодветните министерства во Владата на Црна Гора..лв/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close