БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вучиќ: Белград и Приштина долги години се далеку од решение

Во своето обраќање пред лидерите на Самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана, на работниот состанок на кој лидерите на Западниот Балкан, Хрватска, Словенија и ЕУ разговараат за зајакнување на соработката во регионот и приближувањето кон ЕУ, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград и Приштина долги години се далеку од можно решение за косовскиот проблем.

Белград, 9 мај 2019 (МИА) – Во своето обраќање пред лидерите на Самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана, на работниот состанок на кој лидерите на Западниот Балкан, Хрватска, Словенија и ЕУ разговараат за зајакнување на соработката во регионот и приближувањето кон ЕУ, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград и Приштина долги години се далеку од можно решение за косовскиот проблем. Тоа, нагласи Вачиќ, е лошо и за српскиот и за албанскиот народ, двата најголеми народи на Балканот.

Тој рече дека некои порачувале оти „не може на тој начин да се реши овој проблем”.

– Кој сте вие да ни држите лекции? Тоа е работа меѓу Србите и Албанците. Тоа не е прашање за луѓето во Исланд, Словенија, Индија, тоа е прашање за нас, рече Вучиќ.

Според него, не било дозволено решение, кое претходно било прифатливо и кое во некои случаи веќе било применувано.

– Ние прифативме сè од Европската Унија, а сега сме заглавени, и ова ќе трае, но се надевам не засекогаш, заклучи Вучиќ.

Тој оцени дека има се помалку надеж и дека сака да види, покрај охрабрувачки пораки, и конкретни дела.

Вучиќ во говорот оцени дека отворањето на нови поглавја за Србија и Црна Гора, како и почетокот на преговорите за Албанија и Северна Македонија, за БиХ нема да се случи, како и визната либерализација за Косово.

-Во ред, глупави сме, но не толку глупави и секој знае дека сум во право, ништо нема да се случи во јуни или во јули, рече Вучиќ.

Српскиот претседател, исто така, изјави дека ја поддржува визната либерализација за Косово.

Речиси сите албански и приштински медиуми го забележаа ракувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи пред почетокот на регионалниот самит, со коментар дека било „студено“.

Средбата на Вучиќ и Тачи во Тирана дојде еден ден откако српскиот претседател рече дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово, додека косовскиот претседател вчера изјави дека со албанскиот премиер Еди Рама разговарал за целосно укинување на границата меѓу Косово и Албанија.

Вучиќ синоќа порача дека ова се „луди идеи“ и нереални, додавајќи дека ќе им укаже за ова на Тачи и на другите функционери, иако, како што истакна, Албанците со постојаното повторување на таквите работи прават впечаток дека тоа е нешто нормално. об/гт/

Таг
Back to top button
Close