Дописници МКДОпштински вести

Во Велес се одржа 45. натпревар по прва помош за основци и средношколци

Во Младинскиот парк во Велес денеска се одржа 45. натпревар по пружање прва помош во организација на Општинската организација на Црвениот крст, во соработка со наставниците од училиштата. Од четири екипи од основните училишта во градот, кои учествуваа на натпреварот, првото место го освои тимот од ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Второто место го освои тимот од ООУ „Блаже Конески“, а третото од ООУ „Јордан Х.К-Џинот“.

Велес, 22 мај 2019 (МИА) – Во Младинскиот парк во Велес денеска се одржа 45. натпревар по пружање прва помош во организација на Општинската организација на Црвениот крст, во соработка со наставниците од училиштата. Од четири екипи од основните училишта во градот, кои учествуваа на натпреварот, првото место го освои тимот од ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Второто место го освои тимот од ООУ „Блаже Конески“, а третото од ООУ „Јордан Х.К-Џинот“.

Средношколците исто така учествуваа со четири екипи, а првото место го освои екипата на Гимназија „Кочо Рацин“, второто од ООУ „Коле Неделковски“ и третото место го освои тимот од Економското „Јовче Тесличков“. Првопласираната екипа кај средношколците се пласира за учество на државниот натпревар по прва помош што ќе се одржи во септември.

Како што информира за МИА, д-р Јадранка Мишкова, долги години вработена во службата за Итна помош, активист на ООЦК Велес и член на комисијата за натпреварот, целта на натпреварите е да ги обучат младите за давање на прва помош. Таа потенцира дека пружањето на прва помош е важно да го знае секој човек, во случај да се најде на местото на некоја несреќа да помогне. ад/мс/

 

 

Back to top button
Close