Дописници МКДОпштински вести

Во Крива Паланка поставени табли за забрането фрлање отпад

Како дел од активностите за справување со недозволено одлагање отпад на јавни површини и во природата, општина Крива Паланка постави триесетина табли за забрането фрлање отпад на локации каде е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад.

Крива Паланка, 30 мај 2019 (МИА) – Како дел од активностите за справување со недозволено одлагање отпад на јавни површини и во   природата, општина   Крива   Паланка постави триесетина табли за забрането  фрлање отпад  на локации каде  е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад.

Поголем дел од таблите се поставени на локации што со еколошките акции  се исчистен,  а дел се поставени на локации што е предвидено да се чистат во текот на јуни. На локациите каде се поставени таблите ќе се спроведува и посебен надзор од нашите служби. Ги потсетуваме   граѓаните   дека   заради   обезбедување   јавна   чистота   и заштита на животната средина и природата, најстрого е забрането фрлање отпад  на јавни површини и  во  природата,  односно  надвор  од  определените места, информира Бранко Велиновски, раководител на секторот за комунален инспекциски надзор при општина Крива Паланка.

Согласно Законот за Јавна чистота  глоба  во износ од  50 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече на секое лице кое постапува спротивно и не ја почитува забраната, односно фрла отпад на јавна површина, додека согласно Законот за животна средина, глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на секое лице  кое фрла: апарати   од   домаќинство, мебел, акумулатори, батерии, делови и компоненти од возила во природата или покрај патиштата.

-Покрај овие глоби, предвидена е и казна од седумдесет евра за лицата кои одлагаат градежен шут, отпадни гуми и отпадни масла во природата и покрај патиштата, а глоба во износ од 100 евра  ќе му се изрече на секое лице кое фрла отпад во водни тела: покрај или во реки и долови.  Се   известуваат   граѓаните   дека   табли   за   забрането   фрлање отпад  и соодветен надзор  се поставени на речиси секој излез од градот кон руралните населби, додаде Велиновски.

Општината од неодамна воведе и бесплатна телефонска линија за пријавување непрописно депонирање смет. На бесплатниот телефон 078 30 30 60, сите граѓани можат да пријават недозволено фрлање отпад во Крива Паланка и околината, а комуналните редари ќе направат обиколка, ќе делуваат превентивно, а по укажувањата, доколку ваквите постапки се повторуваат, посочија од општината, ќе се делува репресивно.ид/скс/

Back to top button
Close