0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Вардар ќе го брани трофејот од Купот на Македонија

Мораеш и Скубе со по седум гола беа најефикасни за вардарци, додека кај битолскиот тим, Остроушко даде девет гола.

Куманово, 10 мај 2019 (МИА) – Екипата на Вардар ќе го брани трофејот во Купот на Македонија откако вечерва во Куманово во полуфиналето го совлада Еурофарм Работник со 35-30 (18-16).

Тимот од Битола беше рамноправен противник само во првото полувреме, кое го загуби со два гола разлика. Откако резултатот беше израмнет на нешто повеќе од пет минути по стартот на вториот дел (20:20), тимот на Роберто Парондо „притисна гас“ и во следните десетина минути направија +4 разлика (27-23) која рутински ја оддржуваа до крајот за конечни 35-30.

Мораеш и Скубе со по седум гола беа најефикасни за вардарци, додека кај битолскиот тим, Остроушко даде девет гола.

„Црвено-црните“ во финалето утре од 20 часот ќе се исправат против Металург во обид да го освојат својот 14-ти трофеј од натпреварувањето и шестти во низа.

Претходно во 16 часот во женското финале ќе се соочат Куманово и ЖРК Вардар.вз

Таг
Back to top button
Close