Дописници МКДОпштински вести

Уредени земјените патни правци во приградските средини во кривопаланечко

Во атарот на повеќе села во кривопаланечко е извршено порамнување и уредување на сите земјени локални патни правци, информираат од Општина Крива Паланка.

Крива Паланка, 14 мај 2019 ( МИА) – Во атарот на повеќе села во кривопаланечко е извршено порамнување и уредување на сите земјени локални патни правци, информираат од Општина Крива Паланка.

Во текот на изминатите денови реализирани се активности за одржување на земјените патишта во атарот на селата Луке, Подржи Коњ, Осиче, Дубровница, Нерав, Огут, Метежево и Конопница.

– Извршено е порамнување, проширување, делумно одводнување и насипување на земјените коловози, како и отстранување на околната вегетација. За изведување на активностите користена е градежна механизација на економските оператори со кои Општината има склучено договори. Активностите за тековно одржување се предвидени со Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2019 година, информира службата за комуникација со јавност при Општината.

Во зависност од временските услови и во претстојниот период ќе се работи на санација и подобрување на условите за одвивање на сообраќајот по земјените патишта и во други села и приградски населби согласно програмата. ид/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close