0_Web_Актуелно0_Македонија.Портал0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Јубилеен 15-ти Виз Ер Скопски маратон

На 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон што ќе се одржи денеска низ улиците во нашиот главен град ќе учествуваат околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави. Учесниците ќе се натпреваруваат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри. Оваа година на најкратката трка пријавени се 9.500 учесници од кои повеќето од половината се жени.

Скопје, 4 мај 2019 (МИА) – На 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон што ќе се одржи денеска низ улиците во нашиот главен град ќе учествуваат околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави. Учесниците ќе се натпреваруваат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри. Оваа година на најкратката трка пријавени се 9.500 учесници од кои повеќето од половината се жени.

Директорот на маратонот Кире Синадиновски ионформира дека и оваа година ќе има елитни натпреварувачи од Етипопија и Кенија, а се очекуваат и нови рекорди на патеката. Пренос на трката ќе врши Македонската телевизија.

-Наградниот фонд изнесува 18.000 евра, а најдобрите  во маратонот кои ќе успејат да го освојат бонус критериумот во време, ќе можат да освојат максимум 5.000 евра. Предвиден е и посебен награден фонд и за домашните маратонци бидејќи сакаме да ги мотивираме, рече Синадиновски.

Градот Скопје за овој маратон одвоил 1,5 милиони денери од буџетот, а на организаторите им се обезбедени сите капацитети на јавните претпријатија од кои имаат потреба.

Атлетичарите Адријана Поп Арсова и Александар Кираџиев рекоа дека очекуваат одлична трка и добар успех, но исто така и повикаа на масовна поддршка од граѓаните на нашиот град за кои ќе има забава на повеќе локации, награди за надобар транспарент и најдобра фотографија.

Кираџиев рече дека очекува македонските маратонци да ја пробијат бариерата од три часа и дека ќе освојат подобар успех од претходните години. бк/вг/

Back to top button
Close