Кошарка

Њу Орлеанс пеликанс ќе го имаат новото чудо во НБА

Зион Вилијамс, кого многумина го сметаат за најголемиот талент во последната деценија, најверојатно ќе го носи дресот на Њу Орлеанс пеликанс.

Чикаго, 15 мај (МИА) – Зион Вилијамс, кого многумина го сметаат за најголемиот талент во последната деценија, најверојатно ќе го носи дресот на Њу Орлеанс пеликанс.

„Пеликансите“ се одлучија за Вилијамс, откако на синоќешната драфт лотарија на НБА, го добија правото да избираат први.

Инаку, Вилијамс има неверојатни физички способности и често го споредуваат со Леброн Џејмс, како според атлетските квалитети, така и според бучавата која се крена околу неговото доаѓање во НБА лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close