Фудбал

Тухел: Сакам Нејмар и Мбапе да останат, но ако си одат, ќе најдеме решение

Тренерот на ПСЖ, Томас Тукел се надева дека Нејмар и Килијан Мбапе ќе останат во тимот. Сепак, тој ќе биде подготвен и во случај на нивното заминување.

Париз, 24 мај 2019 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Томас Тукел се надева дека Нејмар и Килијан Мбапе ќе останат во тимот. Сепак, тој ќе биде подготвен и во случај на нивното заминување.

  • Сакам Нејмар и Мбапе да останат во ПСЖ, но ако не биде така, ќе најдеме решение. Пазарот е луд. Зборувам со Мбапе секој ден и знам дека треба да се подобри, изјави Тухел.

Интерес за талентираниот Французин покажува Реал Мадрид но неговата откупна клаузула изнесува 250 милиони евра, цена што тешко дека би си ја дозволил шпанскиот великан.

Се шпекулираше дека и Нејмар може да заврши во Реал, а во комбинација се уште неколку големи европски екипи, но останува да се почека летниот трансфер прозорец по што ќе биде јасно Тухел какви чекори да преземе. зс/

Таг
Back to top button
Close