0_Спорт.ПорталРакомет

Трета титула европски шампион за ракометарките на Ѓер

Екипата на Ѓер трет пат по ред ја освои Лигата на шампионите. Унгарскиот тим вечерва во финалето го победи Ростов со 25:24, полувреме 15:11.

Будимпешта, 12 мај 2019 (МИА) – Екипата на Ѓер трет пат по ред ја освои Лигата на шампионите. Унгарскиот тим вечерва во финалето го победи Ростов со 25:24, полувреме 15:11.

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Талеска Аморим со седум и Анита Горбич со шест погодоци беа најефикасни во победничката екипа.

Кај руската екипа се истакна Луис Абинг со седум гола.

Во дуелот за третото место на завршниот „Фајнал фор“ турнир што викендов се играше во Будимпешта, шведски Кристијанштад го победи француски Мец со 31:30. зс/

Таг
Back to top button
Close