0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

Традиционално матурско дефиле во Делчево и Берово

Традиционалното матурско дефиле, ги разубави плоштадите во Делчево и Берово каде и оваа година, матурантите од гимназиите во Делчево и Берово, пред своите родители, пријатели и граѓани ја покажаа својата грациозност на традиционалното дефиле, кое секоја година се организира во двете општини.

Делчево/Берово, 18 мај 2019 (МИА) – Традиционалното матурско дефиле, ги разубави плоштадите во Делчево и Берово каде и оваа година, матурантите од гимназиите во Делчево и Берово, пред своите родители, пријатели и граѓани ја покажаа својата грациозност на традиционалното дефиле, кое секоја година се организира во двете општини.
Во Делчево настанот беше искористен на најдобрите 10 матуранти да им биде доделено решението за 14 дневното наградно патување низ Европа.
-Годинава нашите најдобрите 10 матуранти ќе патуваат 14 дена низ Европа, а доделувањето на оваа награда е со цел да се поттикнат учениците, да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување, рече во својот говор пред матурантите градоначалникот Горан Трајковски.
Честитки за матурантите на плоштадот ,,Димитар Беровски“, упати и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
-Им посакувам успешно да ја поминат престојната државна матура и да бидат академски граѓани на Општина Берово, донесувајќи просперитет за локалната заедница и за општеството, рече Пекевски.
Неизоставен дел од матурското дефиле во Делчево и Берово беше огнометот кој придружен со дијамантските балони и звуците од Виенските валцери, дадоа вистинско светло за почеток на прославата на матурската вечер за овогодинешните матуранти. вс/бк/

Back to top button
Close