0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Тензично и само со тројца обвинети почна јавната седница во Апелација за „Диво насеље“

Јавната седница во Апелација по жалбите на обвинетите од случајот „Диво насеље“ продолжи само со тројца од обвинетите откако останатите доброволно ја напуштија седницата.

Скопје, 16 мај 2019 (МИА) – Јавната седница во Апелација по жалбите на обвинетите од случајот „Диво насеље“ продолжи само со тројца од обвинетите откако останатите доброволно ја напуштија седницата.

Јавната седница почна тензично откако дел од обвинетите станаа и со погрдни зборови кон судот побараа да ја напуштат седницата, бидејќи како што рекоа на албански јазик не го прифаќаат овој суд и бараат меѓународна истрага. Наспроти предупредувањата од претседателката на судечкиот совет судијката Цветанка Периќ присутните да се однесуваат со почит и да не го нарушуваат редот во судот зашто во спротивно ќе бидат отстранети, сите обвинети станаа за едноминутно молчење во знак на почит  кон сите загинати во акцијата.

Обвинетите пред почетокот кажаа дека нивните бранители немаат право денеска да зборуваат пред тие да се обратат пред судот.

-Не сакаме адвокатите да зборуваат во наше име, ние ќе зборуваме за себе. Не го признаваме овој суд  и бараме меѓународна истрага, порачаа на албански јазик дел од обвинетите.

Судот на почетокот од седницата констатираше дека пред заминувањето еден од обвинетите на судот му доставил поднесок на албански јазик што претходно и се обиде да го прочита, но не му беше дозволено.аа/са/

 

Back to top button
Close