ПолитикаПретседателски избори 2019

Светските медиуми за победата на Пендаровски

Дел од светските медиуми за вчерашниот втор круг од претседателските избори во Република Северна Македонија наведуваат дека „победник е прозападниот кандидат Стево Пендаровски“

Скопје, 6 мај 2019 (МИА) – Дел од светските медиуми за вчерашниот втор круг од претседателските избори во Република Северна Македонија наведуваат дека „победник е прозападниот кандидат Стево Пендаровски“.

„Њујорк тајмс“ под наслов „Поддржувачот на промена на името избран за претседател“ наведува дека во вториот круг од претседателските избори избран е „кандидатот поддржан од Владата, кој планира да ја внесе земјата во НАТО под новото име“.

Весникот посочува дека Стево Пендаровски освои околу 52 проценти од гласовите, додека неговата противкандидатка Гордана Силјановска  Давкова освои околу 45 отсто.

Британскиот весник „Гардијан“ под наслов “Нашиот билет за Европа”: Северна Македонија избра прозападен претседател“ наведува дека на изборите победи кандидатот што беше фокусиран на промена на името на земјата и нејзиното членство во ЕУ и во НАТО.

Веста за победата на Пендаровски ја објавија и „Дојче веле“, хрватската новинска агенција ХИНА, германската новинска агенција ДПА и британскиот сервис Би-Би-Си објавија дека победникот на изборите е кандидатот на владејачката коалиција Пендаровски.

Додека турската новинска агенција Анадолија ја пренесува изјавата на Пендаровски дека ќе биде претседател на сите граѓани. ми/

Таг
Back to top button
Close