Дописници МКДОпштински вести

Стружанки го освоија Државното првенство во ракомет

Ракометарките на екипата на „Јосип Броз - Тито“ од Струга се победници на Државното првенство во ракомет за основни училишта, што се одржа во Делчево.

Делчево, 17 мај 2019 (МИА) – Ракометарките на екипата на „Јосип Броз – Тито“ од Струга се победници на Државното првенство во ракомет за основни училишта, што се одржа во Делчево.

Стружанки без пораз го освоија златниот медал, додека на втората и трета позиција завршија екипите од деветолетките „Св.Климент Охридски“ од Делчево и „Илинден“ од Скопје.

За екипата од Делчево, како што информираше тренерот Александар Таушански, ова е прв сребрен медал во досегашното учество на државните натпревари.

-Имаше многу силна конкуренција, задоволни сме што сме втори во државата. Недостигаше многу малку да го освоиме првото место, но ќе се потрудиме тоа да се случи наредната година, истакна Таушански.

Во рамки на Државното првенство се одиграа вкупно три турнири на кои учествуваа најдобрите екипи од зонските и регионалните натпревари. Државното првенство се одржа под покровителство на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. вс/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close