Политички партии

Стоилковски: Оставката на Богоевски не може да биде оправдување од направениот криминал

Скопје, 23 мај 2019

Граѓаните немаат потреба од лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски кој што во низа од неколку месеци вршел кривично дело и ја извршуваше пратеничката функција!

Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот. Павле Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот.

МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски, за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои се’ од претставниците на власта, на парламентот, јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија но и и злоупотребувале наркотици.

Очекуваме против Павле Богоевски да бидат преземени мерки за заштита за обезбедување на присуство, имајќи предвид дека Богоевски извршувал функцијата ја пратеник во Собранието и може да влијае врз сведоци во истрагата!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Back to top button
Close