Дописници МКДОпштински вести

Состанок на штабот за заштита и спасување на Крива Паланка по повод најавените обилни врнежи

Најавените обилни врнежи од дожд претстојните денови беа причина на иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, да се состане стручниот штаб за заштита и спасување при општината.

Крива Паланка, 12 мај 2019 (МИА) – Најавените обилни врнежи од дожд претстојните денови беа причина на иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, да се состане стручниот штаб за заштита и спасување при општината.
На состанокот беа дискутирани превентивните мерки и активности во однос на очекуваните обилни врнежи од дожд и евентуално невреме во периодот од денес 17 мај, со акцент на претстојното деноноќие.
-Разговаравме за мерките и активностите за евакуација на населението во услови на сериозна елементарна непогода и појава на загрозени зони како последица на евентуалните обилни врнежи и појавата на поплави и поплавени подрачја, при што беа донесени следните заклучоци: да се подготви соопшение до јавноста и да се информира населението за очекуваните обилни врнежи од дожд, како и да се дадат конкретни насоки за отстранување на сите паркирани возила покрај речиштата и патните правци кои треба да бидат користени за слободен и непречен проток на возилата и механизацијата ангажирани од кризниот штаб и за намалено движење и човечко присуство покрај речиштата, со акцент на реоните во населбите Бегови Бавчи, Домачки Дол, Куков Дол, Бојанов Дол и селата Узем и Жидилово по целото течение на Крива Река, како и други заклучоци со цел навремена превенција од евентуални непогоди, информира градоначалникот Мицевски.
Кризниот штаб ги усвои и препораки итно и неодложно да се побара од сите институции под надлежност на општината во текот на денешниот ден да достават списоци на ангажирани лица преку соодветните институции, кои ќе бидат во приправност за делување при евентуални поплави и формирање на загрозени зони, дирекцијатаа и спасување, Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица Крива Паланка да извршат детална проверка на исправноста на сите материјално технички средства и ресурси со кои располагаат во функција на навремено делување и превенирање на терен, и да се направи попис на целокупната градежна механизација со која во моментот располага општината што може да биде ставена на располагање во услови на потреба од ангажирање на таква механизација при елемнтарни непогоди.
Препорачано беше и ЈП Комуналец да ги мобилизира сите расположливи човечки и материјално- технички ресурси и истите да бидат во постојана приправност во периодот  детектиран како потенцијално критичен, да се направи координација со сите фирми кои делуваат на територијата на општинатаа во доменот на определени градежни активности, за да ја стават во функција на општината и кризниот штаб доколку се појави потреба од таков ангажман.
Штабот одлучи да се задолжи градежното претпријатие ДИНЕ – ТРЕЈД во текот на денешниот ден, итно и неодложно да достави два камиони со песок во непосредна близина до бензинската пумпа во реонот на населбата Бегови Бавчи, да се стапи во контакт со сите фирми кои работат со трговија со опрема од типот на гумени чизми, кабаници, заштитни ракавици, рефлектори, батериски лампи и слично и да се направи попис на количините со кои истите располагаат, која опрема евентуално дополнително ќе биде подигната од страна на општината доколку се јави потреба од справување со последици од евентуална елементарна непогода.
ЕВН треба да се извести за приправност, да се подготви список на критични патни правци, кој треба да биде доставен до МВР – СВР Куманово – ПС од ОН Крива Паланка, заради навремено и превентивно затворање на сообраќајот и секаков вид на движење доколку се појави потреба за таква реакција и делување.
Според одговорните, мора да се изнајде начин за навремено информирање на граѓаните за евентуална појава на загрозени зони и подрачја и нивно превентивно и правовремено евакуирање преку испраќање на СМС пораки од страна на самите мобилни оператори, за што треба да се оствари комуникација со мобилните оператори и да се дефинира начинот на спроведување на оваа предложена превентивна мерка.
-Се замолуваат сите граѓани да ги почитуваат заклучоците и препораките од кризниот штаб, особено во делот на обезбедување на слободно движење на возилата кои ќе бидат ангажирани заради превенција или евекуација, но и за намалување на ризикот од било какво загрозување на човечките животи и веднаш да ги отстранат сите паркирани возила покрај речиштата и патните правци. Доколку се појават определени загрозени зони и поплавени подрачја, граѓаните можат да очекуваат СМС пораки од самите мобилни оператори со кои ќе бидат известувани за потенцијалните ризични и загрозени зони, заради правовремена евакуација и превенирање на својата лична безбедност, потенцира Мицевски. ид/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close