0_Спорт.ПорталФудбал

Солскјер: Младите во Јунајтед ќе добијат шанса другата сезона

Мејсон Гринвуд дебитираше во последната рунда од Премиер Лигата, а Норвежанецот ги држи под око и Тахит Чонг, Анхел Гомез и Џејмс Гарнер, кои исто така запишаа учество првиот тим.  

Манчестер, 15 мај 2019 (МИА) – Младите играчи во Манчестер Јунајтед ќе можат да покажат на што се способни во следната сезона, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Мејсон Гринвуд дебитираше во последната рунда од Премиер Лигата, а Норвежанецот ги држи под око и Тахит Чонг, Анхел Гомез и Џејмс Гарнер, кои исто така запишаа учество првиот тим.
 
– Можам да кажам дека би било убаво тие да поминат цела сезона под кирија и редовно да играат, но можеби најдоброто место за овие момци е тука и да тренираат со најдобрите во светот, рече Солскејер.
 
Против Кардиф, 17-годишниот Гринвуд стана најмладиот играч на Јунајтед, кој стартува во меч од Премиер Лигата и, според тренерот, тој ќе ја добие целосната поддршка од навивачите.
 
– Играчите знаат дека ова е запишано во нашата историја и традиции. Тие ќе добијат шанса и поддржувачите ќе покажат дека се зад нив. Со тоа, сепак, доаѓаат и очекувања, но младите играчи се важни за нас и ние треба да се грижиме за нив правилно, рече Солскјер.вз

Таг
Back to top button
Close