Фудбал

Солскјер: Крајот на сезоната единствена позитивна работа за Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека завршувањето е сезоната е единствената добра работа за тимот. Јунајтед го заврши првенството во Премиер лигата на 6.место без изборено учество во Лигата на шампионите.

Манчестер, 13 мај 2019 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека завршувањето е сезоната е единствената добра работа за тимот. Јунајтед го заврши првенството во Премиер лигата на 6.место без изборено учество во Лигата на шампионите.

– Последните неколку месеци беа исклучително тешки за тимот, клубот, играчите. Единствената позитивна работа е дека сезоната е завршена. Ќе се сретнеме повторно на 1 јули, и ќе се вратиме каде треба да биде. Да се ​​доближиме до водечките екипи ќе ни треба долго време, изјави Норвежанецот.

Солскјер ги кажа и амбициите за идната сезона.

– Целта во следната сезона е да се биде меѓу првите четири. Ние исто така ќе настапиме и во Лига Европа, ФА купот, Лига купот. Ќе се обидеме да победиме во овие натпреварувања. Јунајтед не може да остане многу години без трофеи. Жозе Мурињо ја освои Лигата на Европа, па ова е реален предизвик, истакна предводникот на „црвените ѓаволи“.

Норвешкиот тренер очекува во новото првенство да биде конкурентен на Челзи, Тотенхем и Арсенал.

– Ние треба да ги достигнеме барем нив, и да не дозволиме другите тимови што сега се зад нас, да ни се доближат.

Манчестер јунајтед пред крајот на минатата година го отпушти Мурињо и на негово место го донесе Солскјер, но оваа тренерска смена не придонесе за очекуваниот исход на навивачите и раководството на клубот од „Олд трафорд“. зс/

Таг
Back to top button
Close