БалканБалкан.Портал

Смената на Штрахе во Австрија е добро за Западен Балкан, оценува експерт

Оставката на австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Слободарска партија Хајнц-Кристијан Штрахе е добар знак за Западен Балкан бидејќи таа политичка сила не работеше во интерес на проширувањето на ЕУ, оцени Флоријан Бибер, експерт на Балкан од Универзитетот во Грац.

Виена, 21 мај 2019 (МИА) – Оставката на австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Слободарска партија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе е добар знак за Западен Балкан бидејќи таа политичка сила не работеше во интерес на проширувањето на ЕУ, оцени Флоријан Бибер, експерт на Балкан од Универзитетот во Грац.

Бибер оцени дека крахот на политичката кариера на Штрахе ги остава неговите политички пријатели и сојузници на Западен Балкан без алтернатива меѓу европските популисти и крајната десница.

– Кризата на австриската Влада е всушност многу добар знак за Балканот. Тое е можеби и охрабрувачки за регионот, бидејќи тие не сакаат проширување, потенцира Бибер.

Со заминувањето на Штрахе, според Бибер, се намалува и влијанието на екстремните националистички сили во југоисточна Европа врз австриската Влада.

ФПО изминатиов викенд остана без лидерот и потпретседателот, Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, откако се појавија видео снимки од 2017 година на кои се гледа како на една наводна внука на руски милијардер наводно ѝ нудат државни зделки за финансиска поддршка на нивната партија. Курц вчера го разреши министерот за внатрешни работи  Херберт Кикл, со што целосно ја прекина соработката на ФПО и сите нивни министри ја напуштија Владата. ссм/

Таг
Back to top button
Close