0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

„Следните чекори кон НАТО“ – специјален семинар за Република Северна Македонија

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска и утре ќе се одржи „Специјален семинар за Република Северна Македонија - Следните чекори кон НАТО“.

Скопје, 29 мај 2019 (МИА) – Во Собранието денеска и утре ќе се одржи „Специјален семинар за Република Северна Македонија – Следните чекори кон НАТО“.

Воведни обраќања покрај претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе имаат и бригадниот генерал  Дитер Барајс, од  Центарот „Џорџ Ц. Маршал“, амбасадорот на Германија во нашата земја Томас Н. Герберих и в.д. амбасадорката на САД во Скопје Микаела Швајцер-Блум.

За пристапувањето на Северна Македонија во НАТО – Преглед на стратешкиот контекст (политика на отворени врати, Западен Балкан, актуелни безбедносни предизвици), достигнувањата на Северна Македонија во НАТО, и преостанати чекори и задачи, ќе говори Тања Хартман од одделот за политички прашања и безбедносна политика при ГШ на НАТО, а пак  директорот на  Програма за евроазиски студии, Центар Џорџ Ц. Маршал, потполковник Џонатан Дрејк ќе говори на тема „Како функционира НАТО: Структури и процеси – Организациски структури на Алијансата и процеси на донесување одлуки на хартија и во пракса, вклучувајќи воени совети и командни структури, финансирање, национална и меѓународна координација, и како земјите му пристапуваат на учеството“.

Во попладневниот дел на Семинарот едночасовни излагања ќе имаат  полковник Брус Бак, висок меѓународен аналитичар за безбедност, RAND и Марк Леити, директор, Оддел за комуникации, Врховен штаб на сојузничките сили. бк/са/

 

Back to top button
Close