Општински вестиСкопје

Симултанка на велемајсторот Кутиров со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019“

Шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров денеска ќе биде гостин на Општина Кисела Вода и ќе одигра симултанка на 21-та табла со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019“.

Скопје, 17 мај 2019 (МИА) – Шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров денеска ќе биде гостин на Општина Кисела Вода и ќе одигра симултанка на 21-та табла со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019“.

Настанот ќе се случи во салата на УЗ „11-ти Октомври“ и ќе биде отворен за сите љубители на шахот.

-Предизвикот за Кутиров ќе биде уште поголем ако се знае дека неговите противници ќе бидат селектирани од осумте екипи кои годинава учествуваа во шаховската лига „Кисела Вода 2019“, велат од Општината.

Лигата чиј покровител е градоначалникот Филип Темелковски завршува денеска со одигрувањето на последното 14. коло кое почнува во 10:30 часот. мч/са/

Back to top button
Close