ЕвропаЕвропа.Портал

Швајцарците гласаат на референдуми за закон за оружје и даночни олеснувања

Швајцарците денеска гласаат дали да се воведат построги закони за контрола на оружјето и да се укинат даночните олеснувања за меѓународните корпорации - два референдума кои би можеле швајцарските закони да ги усогласат со меѓународните и стандардите на ЕУ.

Берн, 19 мај 2019 (МИА) – Швајцарците денеска гласаат дали да се воведат построги закони за контрола на оружјето и да се укинат даночните олеснувања за меѓународните корпорации – два референдума кои би можеле швајцарските закони да ги усогласат со меѓународните и стандардите на ЕУ.

Повеќе од 27 проценти од населението во Швајцарија поседува огнено оружје – една од највисоките стапки на поседување оружје во Западна Европа, покажуваат податоци од Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева.

Владата тврди дека земја што не е членка на ЕУ мора да ги следи строгите закони за оружје на ЕУ или и се заканува исклучување од соработката со ЕУ во врска со прашања поврзани со безбедноста и миграцијата.

Противниците предупредија дека планот ќе доведе до целосна забрана за приватно оружје.

На вториот референдум, гласачите одлучуваат дали Швајцарија треба да ги укине даночните олеснувања за мултинационалните компании лоцирани во Швајцарија и дали работниците, компаниите и државата треба да издвојуваат поголем придонес за пензискиот систем кој нема доволно средства.

Според новата швајцарска политика, странските земји би плаќале иста даночна стапка како и домашните, но даночните стапки генерално би се намалиле.

Левичарските партии се против планот.

Со цел да обезбеди поддршка, Владата го поврза даночното прашање со планот за обезбедување пензии. јт/

 

Таг
Back to top button
Close