БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Сера: Македонија да внимава со транзицијата кон ОИЕ

Шпанскиот амбасадор Емилио Лорензо Сера, кој зборуваше за шпанските искуства во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност на меѓународната енергетска конференција „Македонски енергетски форум 2019“ што вчера и денеска се одржува во Струга, порача дека енергетската ефикасност значи заштеда на енергија, ја подобрува економијата и отвора нови работни места, но посочи дека треба да се внимава со транзицијата од класичните кон обновливи извори на енергија (ОИЕ).

Струга, 17 мај 2019 (МИА) – Шпанскиот амбасадор Емилио Лорензо Сера, кој зборуваше за шпанските искуства во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност на меѓународната енергетска конференција „Македонски енергетски форум 2019“ што вчера и денеска се одржува во Струга, порача дека енергетската ефикасност значи заштеда на енергија, ја подобрува економијата и отвора нови работни места, но посочи дека треба да се внимава со транзицијата од класичните кон обновливи извори на енергија (ОИЕ).

-ОИЕ и помагаат на Шпанија во намалувањето на хроничниот трговски дефицит, а мислам дека и вашата земја има трговски дефицит. Во последно време ние се фокусиравме на производство на електрична енергија од ОИЕ и мислам дека сме рекордери во користењето на ветерот, рече Сера.

Шпанија, додаде, има водечки компании во оваа област и во моментов има над 16.000 мегавати инсталиран капацитет од ветерни електрани.

-Ние имаме и висока енергетска ефикасност и сме подобри на ова поле дури и од Германија. Имаме институт за заштеда на енергија кој им дава насоки на компаниите како да заштедат енергија. Со прифаќањето и развојот на концепт за паметни градови направивме значајни заштеди, а со преработката на отпадот добиваме електрична енергија. Многу сме направиле, но има уште многу да се прави, рече Сера.

Препорача Северна Македонија да внимава со транзицијата кон ОИЕ и тоа да го прави постепено за да не се предизвика зголемување на цената на електричната енергија што ќе треба да ја платат граѓаните. вј/скс/

 

 

Back to top button
Close