0_Спорт.ПорталФудбал

Семедо ќе ја помине ноќта во болница

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Нелсон Семедо ќе ја помине ноќта во болница во Билбао под надзор на лекарите, објавено е на официјалниот Твитер на каталонскиот клуб.

Билбао, 19 мај 2019 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Барселона, Нелсон Семедо ќе ја помине ноќта во болница во Билбао под надзор на лекарите, објавено е на официјалниот Твитер на каталонскиот клуб.

Португалецот заработи повреда на главата на денешниот натпревар од шампионатот на Шпанија со Еибар (2:2) и предвреме го заврши натпреварот.

Семедо треба да се врати во Барселона од Билбао утре, доколку во текот на ноќта биде се во ред.

Оваа сезона во шпанската лига Семедо одигра 26 натпревари и постигна еден гол. зс/

Таг
Back to top button
Close