Дописници МКДОпштински вести

Секој ден по 50-тина сообраќајни прекршоци во Тетовско во април

Евиденцијата на тетовската полиција покажува дека секој ден нивните службеници констатирале по 50-тина сообраќајни прекршоци во текот на април на подрачјето кое го покриваат. Биле направени 4.586 контроли, а се утврдени 1.506 сообраќајни прекршоци.

Тетово, 3 мај 2019 (МИА) – Евиденцијата на тетовската полиција покажува дека секој ден нивните службеници констатирале по 50-тина сообраќајни прекршоци во текот на април на подрачјето кое го покриваат. Биле направени 4.586 контроли, а се утврдени 1.506 сообраќајни прекршоци.

– Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 123 возила. Најмногу од исклучените возила (100) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 22 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките и уредите за управување и кај 1 претовар, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во текот на минатиот месец од сообраќај се исклучени и 230 возачи, од кои 126 кои управувале без возачка дозвола, 16 со несоодветна категорија, шест со важечка забрана, 79 возачи-почетници и три мотоциклисти кои некористеле заштитна кацига.

-Поради направените сообраќајни прекршоци минатиот месец, на тие граѓани кои ги сторители им се поднесени 509 прекршочни и 683 мандатни плaтни налози, а во 364 наврати полицајците дале писмени опомени-рече Јосифоски.

Во април, времено биле одземени 22 возачки дозволи, додека 58 учесници во сообраќајот повикани се на посебно организирани сообраќајни поуки. ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close