0_Web_АктуелноОпштествоХроникаХроника.Портал

Седумгодишно дете во критична состојба откако во него удрил автомобил

Седумгодишно дете е во критична состојба, откако во него удрил автомобил во близина с. Батинци, Скопско.

Скопје, 19 мај 2019 (МИА) – Седумгодишно дете е во критична состојба, откако во него удрил автомобил во близина с. Батинци, Скопско.

Како што соопшти МВР, синоќа во 20.35 часот кај мостот во с.Љубош кон с.Батинци, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С.(32) од с.Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од с.Цветово, скопско.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. нд/вг/

Фото: МИА архива

Back to top button
Close