0_Македонија.ПорталПолитички партии

СДСМ го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Благодарни сме на сите што се вградија во слободата и горди сме што денешниот ден, симбол на борбата за слобода и правда, го живееме во слободна и демократска држава.

Скопје, 9 мај 2019

Благодарни сме на сите што се вградија во слободата и горди сме што денешниот ден, симбол на борбата за слобода и правда, го живееме во слободна и демократска држава.

Сонот е остварен, аманетот на борците од НОБ, на револуционерите, на сите оние кои се жртвуваа себе си за слобода, за сигурна иднина и почитувана држава на сите граѓани.

Од заробена, изолирана и поделена држава, денес нашата татковина е рамноправен дел од развиениот демократски свет, едно општество за сите.

Слободна Република Северна Македонија го живее остварувањето на врвните национални и држвни интереси поставени уште од првиот ден на независноста.

Добивме свое место во најсилниот безбедносен сојуз- НАТО Алијансата, обезбедена е сигурна и стабилна иднина на државата и сите нејзини граѓани.

Пред нас е одговорноста да обезбедиме полноправно членство во Европската Унија.

Да си подадеме рака, човек со човек, да се обидиниме околу напредокот и членството во ЕУ.

Сите општествени и политички чинители да дадат максимален придонес, целата институционална и политичка енергија да ја насочиме за позитивна препорака и позитивна одлука.

Да направиме се што зависи од нас од Советот на ЕУ во јуни да добиеме одлука за датум за почеток на преговори.

Заедно да го заокружиме процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, онаму каде вредносно и цивилизациски припаѓаме.

ЕУ и НАТО значат мир, сигурност, безбедност, но и силна економија, повеќе пари, повисоки плати, подобар живот за сите.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

____________________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close