СветСвет.Портал

САД на Малезија ѝ вратија 57 милиони долари

Американските власти на Малезија ѝ ја вратија првата транша во вредност од 57 милиони долари - од вкупно 200, кои од таа земја се извлечени при корупцискиот скандал Фонд за јавен развој на Малезија. Првоосомничен за тој скандал е поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак.

Куала Лумпур, 7 мај 2019 (МИА) – Американските власти на Малезија ѝ ја вратија првата транша во вредност од 57 милиони долари – од вкупно 200, кои од таа земја се извлечени при корупцискиот скандал Фонд за јавен развој на Малезија. Првоосомничен за тој скандал е поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак.

Малезискиот државен обвинител Томи Томас пред новинарите изјави дека САД вратиле дел од парите кои претходно од сметката на Фондот бил префрлен на сметката на холивудската Ред гранит пикчрс, со која е тесно поврзан посинокот на Наџиб Разак – Риза Азиз.

– САД минатата седмица ги блокираше тие средства и денеска ѝ се вратени на Малезија. Преостанатите пари ќе бидат вратени во следниот период, истакна Томас.

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак е обвинет за повеќемилионски корупциски скандали и злоупотреба на положбата, а Врховниот суд вчера му го одби барањето за изземање на главниот обвинител Гопал Сри Рама. ссм/

Таг
Back to top button
Close