БалканБалкан.Портал

Руските системи С-400 ќе бидат под целосна контрола на Турција

Ракетниот систем С-400, кој Турција го купува од Русија, во целост ќе биде под контрола на Анкара, изјави денеска турскиот министер за надворешна политика Мевљут Чавушоглу.

Анкара, 16 мај 2019 (МИА) – Ракетниот систем С-400, кој Турција го купува од Русија, во целост ќе биде под контрола на Анкара, изјави денеска турскиот министер за надворешна политика Мевљут Чавушоглу.

– Некои велат дека системите С-400 претставуваат закана за борбените авиони Ф-35. Овие системи ќе бидат под наша целосна контрола и ќе бидат интегрирани во НАТО системот, изјави за „Хуриет“ Чавушоглу за време на посетата на летонија.

Тој вчера негираше дека Турција го одложува купувањето на рускиот противракетен систем „-400 поради тензичните односи со САД. Чавушоглу потенцираше дека во моментов не станува збор за никакво одложување или стопирање на испораката.

Чавушоглу уште појасни дека Анкара и Вашингтон разговарале за предлогот на Турција за основање заедничка комисија која би ги разгледувала можните ризици од С-400 за американската програма Ф-35. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close