Фудбал

Рома го победи Јувентус и ги задржа шансите за Лигата на шампионите

Со два гола постигнати во финишот од натпреварот, тимот на Рома синоќа на домашен терен го совлада Јувентус со 2:0 и остана во комбинација за освојување на место кое носи учество во лигата на шампионите.

Рим, 13 мај 2019 (МИА) – Со два гола постигнати во финишот од натпреварот, тимот на Рома синоќа на домашен терен го совлада Јувентус со 2:0 и остана во комбинација за освојување на место кое носи учество во лигата на шампионите.

До трите бода „римската волчица“ на дербито од 36. коло во Серија А дојде со головите на Алесандро Флоренци во 79. и Един Џеко во 90+2. минута.

Старо-нов шампион во Италија е Јувентус, кој на две кола пред крајот има 89 бода, Наполи е втор со 76, а за трето и четвртото место се борат: Аталанта 65 бода, Интер 63 (натпревар помалку), Милан 62, Рома 62 и Торино 60. зс/

Таг
Back to top button
Close