0_Спорт.ПорталФудбал

Рома ја одби понудата на Вест Хем за Џеко

Италијанскиот клуб Рома ја одби официјалната понуда на лондонскиот Вест Хем Јунајтед за Един Џеко.

Рим, 24 мај 2019 (МИА) – Италијанскиот клуб Рома ја одби официјалната понуда на лондонскиот Вест Хем Јунајтед за Един Џеко.

Според италијанските медиуми, англискиот клуб понудил 10 милиони евра, што за „волчицата“ не е ни блиску до износот што го очекувала.

Имено, римјаните бараат 20 милиони евра за услугите на Џеко, но медиумите претпоставуваат дека тој ќе биде ослободен од својот клуб и за 15 милиони евра.

Един игра фантастично последниве четири сезони во Рома, постигнал 87 голови, со што го заземал седмото место на листата на најдобрите стрелци во историјата на клубот. ем/ир

Back to top button
Close