БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата

Во грчкиот Парламент денеска во 18 часот по локално време ќе почне расправата за гласање доверба на Владата, најверојатно со обраќање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 8 мај 2019 (МИА) – Во грчкиот Парламент денеска во 18 часот по локално време ќе почне расправата за гласање доверба на Владата, најверојатно со обраќање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Расправата, согласно Уставот и правилникот на Парламентот, предвидено е да трае три дена и да заврши в петок на полноќ со гласање на пратениците.

Иницијативата на грчкиот премиер за потврдување на довербата на Владата доаѓа по поднесениот предлог од лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за гласање недоверба за алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close