Дописници МКДОпштински вести

Работилници за фотографија во Гевгелија, Валандово и Богданци

Изминативе три дена, во Гевгелија се одржа првата бесплатна работилница за експериментална фотографија што ја организираше Пионерскиот дом за заинтересираните идни фотографи.

Гевгелија, 30 мај 2019 (МИА) – Изминативе три дена, во Гевгелија се одржа првата бесплатна работилница за експериментална фотографија што ја организираше Пионерскиот дом за заинтересираните идни фотографи.

Под менторство на фотографот Димитар Новаков на работилницата учествуваа 12 љубители на фотографијата, кои според изјавата имаа можност да ги научат техничките карактеристики на опремата за фотографирање и основите на пејсажната, уличната и и ноќната фотографија преку изведување на практични вежби на терен.

Работилници за фотографија неодамна се одржаа и во Валандово и Богданци, каде беше поставена и изложбата на изработени фотографии под наслов „Богданци и Валандово низ леќата на младите фотографи“.

Вакви работилници, според најавата од Пионерскиот дом во Гевгелија, предвидено е да се одржуваат неколку пати во текот на годината. им/фф/

Таг
Back to top button
Close