Дописници МКДОпштински вести

Пуштен во употреба објект за верски и социјални услуги на ИВЗ во Тетово

Со пригодна свеченост во организација на Тетовското муфтиство беше пуштен во употреба нов објект за верски и социјални услуги на Исламската верска заедница во Тетово. Зградата се наоѓа кај муслиманските гробишта во Тетово, а таму ќе биде сместена и погребалната служба.

Тетово, 16 мај 2019 (МИА) – Со пригодна свеченост во организација на Тетовското муфтиство беше пуштен во употреба нов објект за верски и социјални услуги на Исламската верска заедница во Тетово. Зградата се наоѓа кај муслиманските гробишта во Тетово, а таму ќе биде сместена и погребалната служба.

– Изградбата на објектот е одамнешна иницијатива на тетовското муфтиство и ќе биде од корист на верниците од овој регион, а меѓу другото ќе придонесе и за верското образование, истакна муфтијата од Тетово, Ќани ефенди Несими.

За граѓаните и фирми кои придонеле за изградба на објектот им беа доделени плакети за благодарност. Сите присутни учествуваа во пригодната ифтарска вечера по повод рамазанскиот пост. ас/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close