0_Македонија.ПорталСкопје

Протест на жителите на Гази Баба против преселбата на Центарот за зависности во нивната населба

Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод - Тито“, во населбата Маџари.

Скопје, 25 мај 2019 (МИА) – Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари.

Учесниците на протестот ја блокираа главната улица „Перо Наков“ со транспаренти со кои бараат властите да се повлечат од идејата, бидејќи според нив, тоа треба да се направи на поизолирано место, а не среде населба каде има градинки и училишта. Сметаат дека и локалната власт треба да организира референдум за ваквата одлука, велат, градоначалникот не добил мандат за тоа.

Ако локалната и централната власт не го прифатат нивното барање жителите од населбата најавуваат радикализација на протестите. вг/мд/

Back to top button
Close