0_Web_АктуелноMakedonija.SlajderБизнисВидео изјаваЕкономија

Промовирана национална Мрежа на социјални претпријатија

Создавање економија базирана на реалните потреби на граѓаните, придонес кон остварување на глобалните цели за одржлив развој и креирање идентитет, потпрен на отвореност и доверба, а поврзан со заедничките вредности, принципи и одговорност, се дел од целите на Мрежата на социјални претпријатија, што официјално беше промовирана денеска од страна на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Публик“ во Скопје.

Скопје, 15 мај 2019 (МИА) – Создавање економија базирана на реалните потреби на граѓаните, придонес кон остварување на глобалните цели за одржлив развој и креирање идентитет, потпрен на отвореност и доверба, а поврзан со заедничките вредности, принципи и одговорност, се дел од целите на Мрежата на социјални претпријатија, што официјално беше промовирана денеска од страна на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Публик“ во Скопје.

Според Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“, целта на проектот е создавање нова економија што ќе биде свртена кон човекот и планетата, и во кој профитот ќе се користи за општествено добро.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, изјави дека ако навистина развиеме социјална економија, тоа ќе биде и за доброто на економијата, но и за доброто на оние што овој момент не се вклучени како граѓани на пазар на трудот.

– Ние како институции сме тука да ги подржиме сите здруженија на граѓани или институции што имаат заложба да развиваат социјална економија во нашата држава и да ја искажат својата позитивна порака тоа да го прават во наредниот период. За да се развиваат социјални претпријатија во една држава потребно е државата и институциите да воспостават еко-простор што ќе ги поддржува и ќе им дава слобода тие да растат, рече Царовска.

Таа додаде дека овој концепт ќе ги поддржува социјално ранливите групи граѓани да се вработат, и ќе помогне да се раздвижи економскиот сектор во државата.

– Целосно социјалната реформа што ја водиме во нашата држава се базира на истите вредности на кои се базираат и социјалните претпријатија, а тоа е дека вистинското излегување од сиромаштија е преку вработување, но за да стигнеме до вработување треба да му се обезбедат на едно лице сите можности и предуслови. Поддршката преку социјални претпријатија е честа во развиените земји. Главно социјалните претпријатија почнуваат и како група на граѓани кои имаат исти интереси и на нив треба да им се даде можност да управуваат со одредено претпријатие што ќе има свој профит. Со профитот ќе вложува во одредени цели и мисии за доброто на општеството, но крајна цел е и тие мали претпријатија што потекнуваат како социјални претпирјатија да станат вистински мали или средни претпирјатија што ќе вработуваат и други групи на граѓани, рече Царовска.

Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој кажа дека социјалните претпријатија, социјалното претприемништво, социјалните иновации се глобални теми, а самиот настан денеска е показател дека и нашата држава не е исклучок од овие глобални трендови.

Крешник Бектеши, министерот за економија, додаде дека во наредниот период ќе започне подготовката на оваа стратегија

– Социјалните претпријатија се важни и треба да се поддржат зашто ние стремиме кон зачленување во Европската унија, а токму во Европската унија ваквиот вид на компании вработуваат над десет милиони граѓани. Преку овој проект ќе се зголеми бројот на вработувањата во државата. рече Бектеши. бт/фф/

 

 

 

 

Back to top button
Close