КултураКултура.Портал

Промовиран музејски водич „Минато на дланка“

Водич на музејската поставка „Минато на дланка“ низ креативна работилница со ученици од основните училишта и од Државното училиште за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје беше промовиран вчера во рамки на музејската недела во НУ Музејот на македонската борба, соопштуваат од Музејот.

Скопје, 22 мај 2019 (МИА) – Водич на музејската поставка „Минато на дланка“ низ креативна работилница со ученици од основните училишта и од Државното училиште за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје беше промовиран вчера во рамки на музејската недела во НУ Музејот на македонската борба, соопштуваат од Музејот.

Работилницата беше реализирана во соработка со студентите од Филозофскиот факултет од Скопје, од отсекот Специјална едукација и рехабилитација.

Музејскиот водич, се наведува во соопштението, е изработен во печатена форма, на Брајово писмо и во аудио формат, креирајќи инклузивен концепт на доживување на музејот за различни групи посетители. Во рамки на проектот изработени се и тактилни историски мапи и ознаки за движење низ музејската поставка.

Промоцијата на водичот е завршна активност на Проектот за подобрување на пристапноста на слепите и слабовидни лица на Музејот на македонската борба, поддржан од Балканската музејска мрежа, финансирана од страна на фондацијата Ставрос Ниаркос, преку имплементација на Фондацијата Културно наследство без граници на БИХ. Проектот е имплементиран во соработка со Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов – Скопје и Националниот сојуз на слепи.

Изработката и адаптацијата на материјалите на Брајово писмо ја помогна Проектот за деца со пречки во видот (УСАИД, Лајонс Македонија, Универзитет на Југоисточна Европа), се наведува во соопштението од Музејот. мс/скс/

Back to top button
Close