Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Прогноза на изборниот резултат од изборите за ЕП во Грција: Нова демократија во предност пред СИРИЗА (ДПЛ)

Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените излезни анкети, односно проценките за резултатот на европските избори од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии по преброени 100 отсто од примероците, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 26 мај 2019 (МИА) – Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените излезни анкети, односно проценките за резултатот на европските избори од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии по преброени 100 отсто од примероците, јави дописничката на МИА од Атина.

Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, Уан и Опен објавија заеднички излени анкети во соработка со агенциите „Пулс“, МРБ, МАРК, „Метрон аланисис“ и АЛКО, додека пак државната ЕРТ своја проценка во соработка со агенцијата за рејтинг „Капа рисрч“.

Конечните резултати од преброени излезни анкети за приватните телевизии се:

Нова демократија 32.5-34.5 проценти

СИРИЗА 24-26 проценти

Движење на промена 7.2-8.2 проценти

Комунистичка партија на Грција 5-6 проценти

Златна зора 4-5 проценти

Грчко решение 4-5 проценти

Мера25 2-3 проценти

Резултатите од 100  отсто преброени гласови на излените анкети за државната ЕРТ се:

Нова демократија 33 проценти

СИРИЗА 25 -25,5 проценти

Движење на промена 7,5 проценти

Комунистичка партија на Грција 5,5-6 проценти

Златна зора 5 проценти

Грчко решение 4 проценти

Мера25 2,5-3,5 проценти

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат по 21 часот по грчко време. ср/ир

Таг
Back to top button
Close