0_Македонија.ПорталКултураКултура.ПорталПолитика

Прием во Владата по повод Денот на македонскиот јазик

Премиерот Зоран Заев денеска на сите граѓани им го честита 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. Еден ден подоцна поради изборните активности во Владата се одржа прием на кој присуствуваа академици, професори од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од институтите за македонски јазик и за македонска литература, научници, од Советот за македонски јазик. 

Скопје, 6 мај 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска на сите граѓани им го честита 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Еден ден подоцна поради изборните активности во Владата се одржа прием на кој присуствуваа академици, професори од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од институтите за македонски јазик и за македонска литература, научници, од Советот за македонски јазик.

– Овој настан го организиравме и за да ги слушнеме укажувањата и предлозите за сеопфатен и стартешки пристап за остварување на нашата цел – како најдобро да го чуваме, унапредуваме и достојно да го предаваме на сите генерации по нас македонскиот јазик, коренот на битието на Македонците, заштитникот на нашиот идентитет и иднина, изјави Заев по приемот.

Додаде дека на приемот биле поканети и присуствувале претставници на најважните институции што се занимават со македонскиот јазик.

–  Оваа Влада искрено и силно е посветена да го негува и да го унапреди македонскиот јазик. Тоа е наша одговорност, одговорност е на една сериозна Влада и држава која грижата за своите граѓани ја изразува и низ грижата и односот кон македонскиот јазик, јазикот на мнозинското население на нашата земја. Како Влада сме подготвени да вложуваме во капацитети што ќе ја развиваат употребата на македонскиот јазик во земјата и во странство, заедно со сите кои чувствуваат дека можат и сакаат да придонесат за афирмација на македонскиот јазик, порача Заев.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје Елена Јованова – Грујовска го честиташе 5 Мај и информира дека по средбата со премиерот, првото чествување ќе биде во нивните простории каде преку трибина ќе зборуваат за употребата на македонскиот јазик, за сите проблеми, меѓу новинарите, научниците, наставниот кадар и за се она што треба да се реши до следното одбележување на празникот.

 

Таа соопшти дека пред премиерот ги претставиле своите досегашни активности, како курс за подобрување на македонскиот јазик меѓу наставниците во Мала Преспа, што предаваат во основното и во средното училиште во Пустец. Потсети дека со помош на Владата во минатите две години Институтот целосно се обновил и модернизирал. Додаде дека побарале од Владата да стане достапен за сите граѓани во светот Толковниот речник, што има 4.200 страници, вработување млад кадар, возобновување на финансирањето проекти и повисоки плати.

Универзитетскиот професор Људмил Спасов и претседател на Советот за македонски јазик изјави дека тие предложиле овој ден законски да биде одбележан, а Владата го усвоила.

– Го замислувавме овој ден како оддавање почит на македонскиот јазик, се разбира и на сите дејности поврзани со македонскиот јазик, литература и култура од сите училишта, особено од младите генерации, средните и високите. Се надеваме дека ова ќе стане традиционално и оти ќе стане оддавање почит кон македонскиот јазик, не само од страна на Македонците, туку и врз другите народи од нашата држава, рече Спасов. мд/лв/

Back to top button
Close