Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Премиера на „Арапска ноќ“ во прилепскиот театар

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утревечер во 20 часот на матичната сцена на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг во режија на Зоја Бузалковска.

Прилеп, 16 мај 2019 (МИА) – Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утревечер во 20 часот на матичната сцена на театарот премиерно ќе ја изведе претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг во режија на Зоја Бузалковска.

Дејството во претставата „Арапска ноќ“ се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“. Елементите на трилер (низа стапици, недоразбирања, бркотници, ненадејни пресврти, убиство, љубовен триаголник – кој можеби и не е тоа) ја градат неизвесноста, а приказната која почнува така што се чини дека секој од ликовите дејствува сам за себе, полека ги пополнува испрекинатите линии и добива на тензичност и густина.

Бузалковска, која по осум години ја обновува соработката со прилепскиот ансамбл вели дека станува збор за специфичен автор со специфичен израз, со еден нетипичен стил.

-Станува збор за текст кој сакав одамна да го поставам на сцената. Прилепскиот театар досега докажал дека е подготвен на авантури. во некоја смисла на театарски експерименти и на посмел одгховор на она што се прави. пет актери играат во претставата.  Се работи за специфичен автор со специфичен израз, со еден нетипичен стил. Пишува дијалог, раскажување во трето лице, внатрешен монолог, различно од класичните драмски автори. Раскажувањето ја движи приказната, а од друга страна, зборува за најсовремени актуелчни теми, од современото, урбано живеење и текстот има повеќеслојност. Се зависи колку слоеви ние ќе откриеме. На претставата и дадовме една музичка димензија која може да биде своевиден концерт и се гради драмско-музичка структура. Текстовите на овој автор се повеќе прашања и загатки кои ние се обидовме во оваа претстава да ги отвориме, вели Бузалковска на која ова и е прва соработка со групата Фолтин зашто текстот е како музичка партитура, објаснува Бузалковска.

Јулијана Војкова-Најман, автор на сценографијата, смета дека Бузалковска е оригинален режисер кој прави историја во театарот со својот пристап.

-Бузалковска е исклучително интересен режисер, за мене космополитна личност која ве води во сосема друга изразност и ситуација за да ја развиваш визијата. За мене е посебно претставување и за публиката и за луѓето кои се занимаваат со театар и е историски настан. Режисерката е подготвена да даде одговори, рече Војкова Најман, сценограф и костимограф од Бугарија.

За актерите од прилепскиот ансамбл, предизвик е да се работи со режисер кој експериментира.

– Бузалковска е режисер кој сака да експериментира и за нас, актерите, секогаш тоа е предизвик. Во секој проект има нов пристап. Експериментиравм со текст кој е многу тежок за поставување и ни беше задоволство, вели актерот Димитар Ѓорѓиевски.

-Би сакал да го поздравам потегот дека се отворени вратите да се експериментира, во еден момент да се чувствуваме слободни, да ги пробаме нештатата, неконвенционално, во секаква смисла на зборот. Во почетокот, навидум ништо не ни беше јасно, но како се развиваше претставата, се стана совршено разбирливо, смета актерот Александар Степанулески.

-Добивме една претстава која се надевам дека ќе допре до публиката. Комплициртаноста на текстот кој се развива во претстава е голем предизвик, изјави актерката Даниела Иваноска.

Директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, Менче Караџоска нагласи дека претставата „Арапска ноќ“ е првата од четирите за годинава.

– Ова е првата од четирите претстави кои театарот ќе ги работи оваа година и се во програмата на Министерството за култура. Воедно, истовремено, ансамблот работи на втората претстава „Семејни приказни“ чија премиера се очекува во јуни, вели Караџоска.

Во претставата „Арапска ноќ“ играат: Игор Трпчевски, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски.  Сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова-Најман, музиката е на групата Фолтин, а драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска. ем/рп/

 

Back to top button
Close